Џинпинг: Кина може да се справи со епидемијата

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера во Пекинг се сретна со генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Гебрејесус, на која соопшти дека во моментов Кинезите сериозно се борат со епидемијата.

– Безбедноста и здравјето се најважни за луѓето, затоа во моментов контролата врз ширењето на вирусот е наша основна задача, рече кинескиот претседател.

Тој е цврсто уверен дека неговата земја може да победи во борбата со епидемијата, преку научни мерки и прецизни политики, пренесе Радио Кина.

Тедрос Адханом Гебрејесус, пак, изјави дека кинеската Влада со рекордна брзина јавила за присуството на новиот вирус и веднаш со СЗО и другите држави ја споделила генетичката информација за новиот тип на коронавирусот.

-Ефикасните мерки и силата на кинескиот систем се доволни, подвлече Гебрејесус.

Според него, мерките на кинеската Влада ефикасно ќе ја контролираат ситуацијата и епидемијата ќе биде совладана.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он