Џихадистот Петер Шериф почнува со отслужување на петгодишна казна затвор

Од:

Џихадистот Петер Шериф вчера е изнесен пред обвинител поради отслужување на петгодишна затворска казна, која е донесена во 2011 година, соопшти канцеларијата на обвинителството, јави дописникот на МИА.

Петер Шериф, „исчезна“ последниот ден од судењето во Париз пред седум години, а беше уапсен на 16 декември во Џибути.

Тој, исто така, во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред истражен судија, во врска со нова судска истрага. Имено, обвинителството побара да биде обвинет за „терористички заговор” како и изрекување на времена мерка затвор.

Постои сомневање дека Петер Шериф е тесно поврзан со терористите кои го извршија нападот врз „Шарли Ебдо“.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано