Џихадистите од ИД ослободија 25 курдски ученици во Сирија

Од:

Сунитската џихадистичка група „Исламска држава“ (ИД) ослободи 25 курдски ученици, кои беа грабнати уште во мај во северна Сирија, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на активисти.

Пред пет месеца ИД киднапира вкупно 153 деца. Денеска таа ги ослободи последните заложници од оваа голема група, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Децата, од кои поголемиот дел се на возраст меѓу 13 и 15 години, беа грабанти на враќање кон нивниот роден град Кобане, откако ги положиле  испитите во Алепо. Пет од нив успеаја да избегаат, а џихадистите на крајот постепено ги ослободија и преостанатите деца од групата.

ИД ги ослободи децата во екот на жестоките борби за Кобане, кои продолжува да ги води со курдските сили, кои имаат поддршка од воздух од меѓународната коалиција предводена од САД.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години