Џихадисти упаднаа во хотел во Мали, најмалку тројца загинати

Од:

Тројца тешко вооружени џихадисти извршија напад врз хотелот „Радисон“ во центарот на главниот град на Мали, Бамако, при што според досегашните информации има тројца загинати.

– Најверојатно тоа е обид за земање заложници. Полицијата е на самото место и го блокираше реонот, изјави претставник на безбедносните сили на Мали.

2EA18C1600000578-0-image-a-1_1448010568082

Според очевидци, напаѓачите во хотелот пристигнале со дипломатски возила. Би-Би-Си јави дека од хотелот се слушале истрели од автоматско оружје.

maliterorizam

Хотелот „Радисон“ важи за место каде најчесто одседнуваат странци кои работат во Мали. Во моментов во хотелот престојуваат околу 170 гости, меѓу кои најверојатно се и државјани од САД, Кина и Франција.

malidzihadisti

Во август годинава исламистички милитанти убија 13 лица, меѓу кои и петмина службеници на ОН, при напад врз хотел во градот Севаре во централниот дел на Мали.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска