Џихадисти од ИД живи запалиле 40 лица во Ирак

Од:

Информациите дека џихадисти од групата Исламска држава живи запалиле 40 лица во ирачката провинција Анбар се вистинити, изјави за Си-Ен-ЕН претставник на провинцијата Сабах Каркхут.

Според Каркхут команданти од терен во близина на линијата на фронтот до градот Ал Багдади во провинцијаа Анбар потврдиле дека најмалку 40 полицајци и племенски припадници се убиени.

Исламската држава минатата недела презема контрола над поголемиот дел од градот Ал Багдади. Градот се наоѓа на само 14 километри северно од воздушната воена база Ајн ел Асад, во која се распоредени околу 400 американски војници, кои обучуваат ирачки пилоти во борба против џихадисти. 

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија