Џихадисти на ИД со електрошокови го злоставувале британскиот хуманитарец Хаинс

Од:

Британскиот хуманитарец Давид Хаинс (44) кој од минатата година е грабнат од радикалните џихадисти од Исламската држава, наводно е во тешка здравствена состојба, по бруталната тортура на која бил подложен.

Како што пишува „Меил он Сандеј“, поради електрошоковите на кои бил изложен во тек на првите месеци од заложништво, има проблеми со органите за варење на храна и не може нормално да јаде. Состојбата на Хаинс наводно е толку тешка што исламистите се смилувале и му повикале лекар.

-Не може да јаде, има сериозни проблеми. Често повраќа и има дијареа. Беше толку болен што барем еднаш му повикаа лекар вели неименуван извор.

Инаку на овој Британец во неодамнешниот видео запис од убиството на американскиот новинар Стивен Сотлоф, исламистите му се заканија со убиство, повикувајќи ги Американците да се откажат од воздушните напади кои ги започнаа против Исламска држава на подрачјето на Ирак.

Хаинс кој е во брак со Драгана од Хрватска, со која има четиригодишна ќерка, со години работел во обнова на уништените подрачја во поранешна СФРЈ.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Во Германија пет лица се обвинети за помагање на Исламската држава

Разбиена исламистичка група во Австрија

Ирак: Исламската држава планира да изврши „голем“ терористички напад во Велика Британија