„Џералд Форд“ повторно во водите на Блискиот Исток, Трамп се заканува со нови напади

Од:

Најголемиот носач на авиони во светот, американскиот „Џералд Р. Форд“, повторно вплови во водите на Блискиот Исток, изјавија двајца одбранбени претставници.

Функционерите, кои зборуваа под услов на анонимност, изјавија за АП дека „Џералд Р. Форд“, кој до неодамна беше во источниот Медитеран, поминал низ Суецкиот канал заедно со два разурнувачи, „Махан“ и „Винстон С. Черчил“.

Според официјалните лица, „Џералд Р. Форд“ сега е во Црвеното Море, каде што се врати по повеќе од еден месец во Медитеранот.

„За жал, мора повторно да почнеме да фрламе бомби“

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека разговорите ќе продолжат во текот на викендот, но предупреди дека прекинот на огнот со Иран може да заврши ако не се постигне договор до среда.

Зборувајќи со новинарите во претседателскиот авион на враќање од Феникс кон Вашингтон, Трамп рече дека можеби „нема да го продолжи примирјето“.

„Можеби нема да го продолжам, но блокадата на иранските пристаништа ќе остане. Значи, имате блокада и за жал мора повторно да почнеме да фрламе бомби“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дијаз-Канел му одговори на Трамп: Куба е решена да се одбрани од секој обид за агресија

Горан Наумовски

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Хаос во авиосообраќајот во САД: Летовите продолжија, но доцнењата и откажувањата остануваат

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД