Џентилони: Нова студена војна меѓу Западот и Русија би значела катастрофа

Од:

Доколку меѓу западните земји и Русија избие „студена војна“ тоа би претставувало „апсолутна катастрофа“, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони.

– Тоа би било целосна катастрофа. Се надевам дека од руска страна нема да има никакви активности кои ќе го оправдаат таквиот развој, истакна Џентилони, одговарајќи на прашањето дали постои опасност од нова Студена војна.

Според него, повеќето во меѓународната заедница во односот со Русија „се придржуваат кон пат со две насоки – санкции и дијалог, додека Италија упорно инсистира за дијалог“.

– Ризик постои. Ситуацијата во Украина треба да биде под контрола. Се плашам не само од ескалирање на конфликтот, туку и од сценарија на украинската криза од кои Русија би можела да има корист, нагласи шефот на италијанската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Во САД се пронајдени 200 деца кои се бараа како исчезнати

Горан Наумовски

Кремљ: Ердоган не може да биде посредник во разговорите меѓу Русија и Украина

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци