Џенрик: Нема причина за загриженост околу вакцината на АстраЗенека

Од:

Британскиот министер за локални заедници Роберт Џенрик денеска изјави дека нема причина за загриженост поради податоците за ефикасноста на потенцијалната вакцина на Универзитетот Оксфорд и компанијата АстраЗенека.

Тој додаде дека е потребна независна проверка откако компанијата АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд признаа дека се појавила грешка при тестирање на вакцината за коронавирусот, што предизвика многу прашања во врска со прелиминарните резултати што ги објавија.

– Мислам дека нема причина за загриженост. И пишавме на комисија која независно ќе ја процени точноста и безбедноста на вакцината, рече тој.

АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд признаа дека настанала грешка при тестирање на вакцината за коронавирусот, што предизвика многу прашања во врска со првичните резултати што ги објавија.

Соопштението е објавено завчера, само неколку дена откако компанијата и универзитетот објавија дека нивната вакцина е „многу ефикасна“, не спомнувајќи зошто некои од учесниците во испитувањето не примиле цела доза за време на првата од двете вакцинации, пишува списанието „Тајм“.

Всушност, подоцна се покажало дека групата што примила помала количина вакцина е подобро заштитена од волонтерите кои примиле цели две дози.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски