Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Од:

Сенаторот од Охајо и кандидат на Доналд Трамп за потпретседател на САД од Републиканската партија, Џеј Д. Венс денеска повика на преговори со Русија.

Во интервју за NBC News, на прашањето дали го гледа Путин како сојузник или непријател, тој рече:

„Мислам дека тој е очигледен противник. Тој е конкурент. Мислам дека треба да бидеме паметни и за дипломатијата. Само затоа што не ни се допаѓа некого, тоа не значи дека не можеме да разговараме со него ако ни треба“ изјави Ди Венс.

Венс нагласи дека преговорите со Русија се составен дел од завршувањето на војната во Украина.

„Мислам дека е важно ако некогаш ја завршиме војната во Украина, суштински, на одредено ниво, ќе мора да учествуваме во одредени преговори меѓу Украина, меѓу Русија, меѓу нашите НАТО сојузници во Европа. Тоа е неопходен дел – истакна Венс.

Би можело да ве интересира

Венс: Преговараме за крај на војната, тоа не е попуштање пред Русите

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски