(ВИДЕО) Џасинда Ардерн: Никогаш нема да го изговорам името на напаѓачот од Крјстчрч

Од:

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн изјави дека никогаш нема да го изговори името на напаѓачот од Крајстчрч, кој во две џамии уби 50 лица.

– Тој е терорист, тој е криминалец, тој е екстремист, но кога јас ќе зборувам, тој ќе биде безимен. Ве преколнувам, изговарајте ги имињата на оние ќии животи се изгубени, а не името на човекот кој ги зеде тие животи, изјави таа за време на обраќањето во Парламентот, кој им оддаде почит на убиените во Крајстчрч.

Таа оцени дека напаѓачот, со својот терористички чин, сакал да стане познат.

– Поради тоа никогаш нема да ме чуете да го спомнам неговото име, изјави Ардерн, која вонредната седница ја отвори со поздравот на арапски „селам алејкум“.

Триесет и осумгодишната премиерка на Нов Зеланд се соочи со најголемиот предизвик откако во 2017 година стапи на таа функција. Ценејќи според медиумските извештаи и коментарите на социјалните мрежи нејзиното водство во тие тешки моменти го воодушеви светот.

„Џасинда Ардерн“ зрачи со водство по масакрот во Чрчтаун“, оцени Ројтерс. „Џасинда Ардерн“ го редефинира водството во време на тероризам“, објави порталот Вомен ин ворлд. „Џасинда Ардерн само што потврди дека типичното ` женско ` однесување е моќно“, пишува Сиднеј Морнинг Хералнд. „Џасинда Ардерн и ожалостените се собраа со песна“, пренесе Лондон Тајмс.

Британските медиуми посочуваат дека таа на теророт одговорила мирно, сочувствително и одлучно. Таа веднаш најстрашното масовно убиство во време на мир на Нов Зеланд го нарече тероризам и се обиде да ја охрабри нацијата, која досега главно не била погодена од насилства и стравови како што беа други западни земји во последните две децении. Еден ден по нападите поведе повеќепартиска делегација во посета на семејствата на убиените и кај претставниците на муслиманската заедница. Носејќи црна шамија, односно хиџаб во знак на почит кон ожалостените муслимани, ги прегрнуваше членовите на семејствата, ги слушаше и нудеше утеха.

– Премиерката дојде со шамија, а тоа беше важно за нас, изјави Далија Мохамед.

Сепак, она што е најважно, како што оцени Си-Ен-Ен, таа веднаш најави политички одговор на масакрот – построга регулација на огненото оружје, односно забрана на полуавтоматските пушки, како што користеше фашистичкиот терорист кој во петокот во Крајстчрч, во две џамии уби 50 муслимани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска