Амбасадорот на Сирија во ОН, Башар Џафари изјави денеска дека сириската Влада е апсолутно посеветена на враќање на територијата и ослободување од тероризмот и странската окупација.
Џафари додаде дека не постојат зони за деескалација во провинцијата Идлиб што е под контрола на бунтовниците, бидејќи вооружени групи не сакаат да се одвојат од терористичките групи.
Тој изјави дека Владата на Сирија на тие групи им дала доволно време да го остават оружјето и да станат дел од мировен процес како и да се дистанцираат од терористички групи. Џафари вели дека Сирија е свесна за хуманитарните последици и дека преземаат се што е можно за заштита на цивили.