Генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Ламберто Ѕаниери изјави денеска дека не видел руски војници во источна Украина, јави ТАСС.
Ѕаниери ова го изјави во обраќањето на форумот „15 години на Координаторот на проектите на ОБСЕ во Украина, поглед кон минатото со цел да се однапред да се определи стратегијата за помош на земјата“.
– Доколку ме прашате дали сум видел распоредени или во движење руски единици на таа терирорија, ќе ви кажа дека не сум видел. Набљудувачите сепак се соочуват со голем број препреки, на пример тешко им е да се движат низ териториите, каде се водат борбени дејствија, додаде тој.