Двете близначки заедно го победија ракот

Од:

Неизмерна радост за двете близначки Меган и Грација, кои ја добија битката со леукемијата.

Две години по мактрпните третмани, трансфузии на крв и интензивни хемотерапии примени во болниците во Велика Британија двете деца успешно ја победија смртта.

Не се плашеле од големите игли, го знаеле најлошиот можен крај, но секогаш биле со насмевка на лицето.

Според статистичките податоци, ризикот кај близнаците да ја добијат оваа болест некогаш во животот е 10 % да се појави кај едниот, доколку другиот некогаш ја имал. Но, неверојатно е што кај Меган и Грација болеста се појавила кај двете во рок од осум дена.

Додека се бореа против ракот на своите деца, родителите им биле постојано под стрес, при секое ново паѓање поради заморот или терапиите. Имунлошкиот систем на децата бил многу слаб, едната дури фатила и пневмонија.

„Сите ни велеа дека се е во род и дека се е нормално, но за нас не е нормално децата да примаат хемотерапии и инекции постојано. Да си ги видите своите две девојчиња во двокревтни соби во болница, рамо до рамо, како примаат ист третман беше дневен ноќен кошмар“, вели мајката Ема Гарвуд (41) која се надева дека никогаш во животот повеќе нема да бидат соочени со такво искушение.

Таткото на девојчињата, Марк Гарвуд (38) е пресреќен поради веста за оздравувањето, тој вели „Последните неколку години беа страшни. Но, девојчињата се однесуваа многу добро. Моите ѕвезди постојано беа намеани. Сите не направија среќни“.

Девојчината веднаш штом разбраа дека нивната крв е во ред, започнаа да си ја враќаат енергијата и да го направат она што до сега не можеле. Имаат седум години и со душа чекаат да тргнат на училиште откако претходно цело лето ќе уживаат во нивното омилено задоволство: да пливаат во базен.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Израел ќе произведува тешки бомби, ќе ја намали зависноста од Америка

САД воведоа санкции за шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Горан Наумовски