Двесте сириски бегалци пристигнале во Јужна Кореја

Од:

Директорот на јужнокорејската Национална разузнавачка служба Ли Бјунг-хо изјави денеска пред пратениците дека околу 200 Сиријци, кои бегаат од војната во нивната татковина, пристигнале со авион во Јужна Кореја, но Владата се уште не одлучила дали ќе им даде статус на бегалци на некои од нив.

Според Ли пристигнатите Сиријци се претежно богати луѓе, кои можеле да си дозволат патување со авион.

Повеќето од нив добиле одобрение да го напуштат аеродромот и да останат на друго место, додека ги чекаат јужнокорејските власти да одлучат дали да им дадат статус на бегалци, но 65 отсто од нив се уште се на аеродромот, каде се сослушуваат од вработените.

Според Ли нема конкретни податоци за тоа дали Северна Кореја е под закана од терористички нaпади на групацијата Исламска држава или на нејзините поддржувачи по нападите во Париз.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски