Два смртни случаи поврзани со вирусот ебола се потвредени во ДР Конго, изјави денеска министерот за здравство Феликс Кабанге Нумби.
Според локалните власти, овие случаи не се поврзани со епидемијата во Западна Африка, во која досега загинаа над 1.400 лица.
– Испитувањата дадоа позитивен резултат. Потвредено е присуство на вирусот ебола во ДР Конго, изјави министерот Нумби, во однос на резултатите од заболените од хеморагична треска, од која досега загинаа 13 лица.
Двајца од осумте тестирани пациенти дале позитивни резултати за ебола.
Болни и изолирани се вкупно 11 лица, додека се испитуваат уште 80 лица со кои болните биле во контакт.