Две Венецуелки станаат градоначалнички на местата на нивните уапсени сопрузи

Од:

Сопругите на двајцата уапсени градоначалници во Венецуела убедливо победија на изборите, организирани за пополнување на испразнетите места во градовите Сан Диего и Сан Кристобал, заменувајќи ги своите мажи на нивните функции.

На почетокот од оваа година градоначалникот на Сан Кристобал, Даниел Себалиос беше осуден на една година затвор, додека градоначалникот на Сан Диего, Винсенте Скарано на десет месеци.

Двајцата се припадници на венецуелската опозиција, а затворските казни ги заработија затоа што одбија да ја спроведат наредбата на владата во Каракас, за отстранување на барикадите што ги поставија локалните демонстранти, учествувајќи во антивладините протести кои во земјата траат од почетокот на февруари годинава.

На вонредните избори во овие два града се кандидираа сопругите на уапсените градоначалници, што беше воодушевно прифатено од гласачите.

Патриција Гутиерес, сопруга на Себалиос и мајка на три деца, победи во Сан Кристобал, освојувајќи 73 отсто од гласовите, додека Роза Брандонисимо, сопруга на Скарано, беше избрана за нов градоначалник на Сан Диего, откако доби 88 отсто од гласовите.

Претставник на опозицијата изјави дека изборните резултати во овие два града во внатрешнста на земјата, претставуваат силна лекција за власта на претседателот Николас Мадуро.

– Победите на Гутиерес и на Брандонисимо само покажуваат колку е голема злоупотребата на власта во Венецуела, рече претставникот на опозицијата.

Со месеци Владата на Мадуро се соочува со улични немири и протести на опозициските партии и групи кои се противат на политиката на претседателот, кого го обвнинуваат за „пресадување на кубанскиот социјализам во Венецуела“, што според нив е причина за економската криза и за недостигот на низа производи за широка потрошувачка во земја богата со нафта.

Во немирите досега има 42 жртви. Со посредство на неколку јужноамерикански земји, започна дијалог меѓу власта и опозицијата, но тој беше прекинат веќе по првата средба.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски