Две третини од заштитните маски набавени за германската армија се неквалитетни

Од:

Берлин, 25 септември 2020 (МИА) – Германската армија има проблем со лошиот квалитет на милион заштитни маски што им беа нарачани на војниците поради пандемијата на коронавирусот, тврди магазинот „Шпигел“.

Од почетокот на корона-кризата армијата нарачала околу 10 милиони маски од типот FFP2 без вентили за 47 милиони евра.

Анализата на Институтот за заштитна технологија на германската армија утврди дека 67 отсто од нарачаните маски не го исполнуваат потребниот квалитет.

Бундесверот сега побара од производителот да ги замени маските, што не ги исполнуваат критериумите за квалитет, со закана за барање за надомест на штета.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина