Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Од:

Две години по излегувањето на Велика Британија од Европската унија, речиси две третини од Британците сега поддржуваат референдум за повторно приклучување кон Унијата, покажува истражувањето на консултантската куќа Саванта КомРес за Индипендент.

Истражувањето, исто така, покажува дека бројот на луѓе кои се против друго гласање падна на помалку од една четвртина од гласачите кои сега се против референдум.

Обединетото Кралство формално ја напушти ЕУ на 31 јануари 2020 година, но „транзициониот период“ значеше дека ги следеше бриселските закони и остана на единствениот пазар до 31 декември 2020 година.

Истражувањето покажува дека оттогаш Британците веруваат дека економијата, глобалното влијание и способноста на Велика Британија да ги контролира сопствените граници се влошени.

Се чини дека тоа придонесе за зголемување на бројот на оние кои сакаат нов референдум за членство во ЕУ.

Бројот на оние кои велат дека треба да има уште едно гласање сега е 65 отсто, наспроти 55 отсто во истиот период минатата година.

Според податоците од истражувањето, 22 отсто од Британците сакаат референдумот да се одржи веднаш, 24 отсто во следните пет години, а 11 отсто во следните шест до 10 години.

Само четири отсто од нив сметаат дека втор референдум треба да се одржи за повеќе од 20 години, а оние кои велат дека никогаш не треба да има нов референдум паднале од 32 на 24 отсто.

Крис Хопкинс, од Савана, рече дека можеби многумина ги прецениле потенцијалните придобивки од Брегзит.

„Тешко е да се замисли дека членството во ЕУ ќе реши некој од актуелните економски проблеми во земјата“, рече тој, додавајќи дека „перцепциите се важни“.

Истражувањето исто така покажа дека 54 отсто од граѓаните сега велат дека Брегзит е погрешна одлука, во однос на 46 отсто минатата година, на првата годишнина од излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Вкупно 56 отсто сега сметаат дека напуштањето на ЕУ ја влоши економијата.

Половина од Британците сметаат дека тоа ја влошило способноста на Велика Британија да ги контролира сопствените граници, што беше клучно ветување на оние што се залагаат за Брегзит, sДве третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ
се зголемило од 43 на 50 отсто.

И процентот кои мислат дека тоа го влоши глобалното влијание на Британија, исто така, сега е 50 отсто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска

Де Алмеида: ЕУ нема да ги продолжи преговорите за Брегзит со Велика Британија

Ана Ололовска