Две недели по падот на авионот на „Ер Алжир“ француските власти го изработија сценариото на несреќата

Од:

Две недели по падот на авионот на летот АХ5017 на Ер Алжир во Мали, француските истражни органи го направија првото сценарио на катастрофата, јави дописникот на МИА од Париз.

Сценариото на катастрофата е изработено од Бирото за истраги и анализи специјализирано за авионски катастрофи.

Според нив авионот падналм поточно удрил на површината со „голема брзина“ и се распрснал при сударот, расфрлајќи делови на стотина метри околу местото на ударот. По анализата на црните кутии најдени веднаш по несреќата, изгледа дека авионот од типот МкДонел МД83 паднал вертикално.

– Авионот падна со голема вертикална брзина, бидејќи тој буквално се распсрсна. Шокот беше моментен. Убедени сме дека патниците не страдале ниту еден миг, изјави полковникот Патрик Турон кој потоа зборуваше за идентификувањето на жртвите.

– Ние успеавме да земеме околу 1.000 примероци. Научно, ние имаме голема можност да ги идентификуваме сите жртви, рече тој. Но според сите најави идентификацијата ќе биде долга, бидејќи не е најдено ниту едно целосно тело.

Официјалното претставување на извештајот ќе биде во текот на денот, само еден ден по враќањето на француските жандарми кои трагаа на местото на катастрофата во Мали.

Бирото за истраги и анализи води посебна истрага од техничка природа, која нема за цел да ја утврди кривичната одговорност за несреќата, бидејќи оваа истрага е во надлежност на судството. Во моментов се водат три судски истраги во Мали, Франција и Буркина Фасо.

Во несреќата загинаа 116 лица од кои 54 француски државјани.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата