Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Од:

При пад на мал патнички авион кој се урна по полетувањето од аеродромот Лион-Брендас, според пожарникарите две лица се полесно повредени.

Несреќата се случила денеска нешто пред 14 часот, јави БФМ ТВ.

Од засега непознати причини, несреќата се случила набрзо по полетувањето на авионот, надвор од пистата.

Двајца патници успеале да излезат од авионот пред да се запали.

Пожарникарите го изгаснале пожарот.

Пaтниците, кои се здобиле со полесни повреди, се пренесени во болничкиот центар во Лион Суд.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

ВИДЕО: Откриена причината за фаталната несреќа на хеликоптерот и авионот над Вашингтон

ВИДЕО: Повторно се урна авион во САД, нема преживеани

Катерина Ѓуровски

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“