Две монахињи три дена заробени во манастирски лифт

Од:

Две монахињи останале заробени во лифт на еден манастир во Рим целиот викенд молејќи се, пишува во понеделникот La Repubblica.

Двете чесни сестри, 58-годишна Ирка и десет години повозрасна Новозеланѓанка, се заглавиле во петокот во лифтот и не биле извлечени до понеделникот, кога чистачката во манастирот повикала полиција откако ги слушнала нивните повици за помош.

Целиот викенд во зградата на манастирот немало никого. Монахињите во лифтот биле без храна и вода. Пренесени се во болницата „Сан Кaрло ди Нанси“ поради дехидрација.

Лифтот застанал меѓу катовите поради електрична грешка. За италијанските медиуми изјавиле дека времето го минале во молитви.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале