Две лица загинаа во ураганот Мајкл, околу 320.000 не успеале да се евакуираат

Од:

Околу 320.000 луѓе не се евакуирале на брегот на Мексиканскиот Залив на Флорида пред ударот на ураганот Мајкл, соопшти синоќа официјален претставник на американскиот Црвен крст.

Иако државните и локалните претставници издадоа наредба за евакуација за околу 325.000 лица, Управата за вонредни ситуации соопшти дека не е познато колку луѓе ја напуштиле областа, но наведува дека околу 6.000 жители се сместени во 80 засолништа во пет сојузни држави.

Потпретседателот на операциите и логистика на американскиот Црвен крст, Бред Кисерман изјави дека бурата „зајакнала со екстремна брзина и немало доволно време за да се направи нешто“.

Најмалку две лица загинаа кога ураганот Мајкл ја погоди Флорида достигнувајќи јачина од четврта категорија, а речиси половина милион луѓе останаа без електрична енергија на Флорида, во Алабама и Џорџија.

Ураганот вчера ја погоди областа во близина на Мексико Бич, на околу 32 километри југоисточно од Панама Сити во регионот Пенхендл на Флорида, носејќи со себе ветрови со брзина од 249 километри на час.

Американскиот Национален центар за урагани соопшти денеска дека Мајкл ослабнал во тропска бура над централниот дел на Џорџија, но и понатаму дуваат силни ветрови во внатрешноста на земјата.

Националната метеоролошка служба претходно предупреди дека се можни торнада ширум северозападниот дел на Флорида, во југоистчна Џорџија и Јужна Каролина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски