Две лица загинаа, а три се водат како исчезнати, во судир на два брода во водите на Сингапур, соопштија локалните власти.
Во судирот учествувале еден индонезиски танкер и брод-багер, регистриран во Доминиканската Република.
Доминиканскиот брод, на кој имало екипаж од 12 члена, по инцидентот потонал. Седуммина од екипажот, составен од 11 Кинези и еден Малезиец, биле спасени и пренесени в болница.
На танкерот, каде се наоѓале 26 морнари, никој не настрадал, а бродот е оштетен само од страната каде се удрил со бродот-багер.
Овој најнов тежок инцидент во преполнетото сингапурско пристаниште, се случи помалку од еден месец по судирот на американски воен брод и танкер. Тогаш загинаа десетмина американски морнари.