Две лица загинаа во невремето во југозападна Фрнција

Од:

Две лица го загубија животот во силниот ветер што го погоди југозападниот дел на Франција. Причинета е голема материјална штета, а над 40.000 домаќинства се без електрична енергија, јави дописникот на МИА од Париз.

Метео Франс издаде предупредувачки временски прогнози од понеделникот, но првите штетни последици од бурата се почувствуваа денеска попладне, кога рафалите на ветерот достигнуваа до 100 км/час.

Едно од двете лица кое загина во бурата е патник во кампинг-кар врз кој падна дрво во местото Бозулс. Другата жртва е една 85-годишна жена, која откако ја изгуби контролата на својот автомобил удри во автомобил кој доаѓал од спротивен правец во близината на Алби.

Во Аверон, Лот, Тарн и Гарон 41.500 домаќинства се без електрична енергија, а околу 500 вработени на компанијата за снабдување со струја се наоѓаат на теренот. Во Горна Гарона пожарникарите интервенираа на повеќе пати за отстранување на паднати гранки.

Во Блањак силниот ветер ги откорна предизборни паноа за идните европски избори, кои повредија две жени на улица. Тие се пренесени во болница. Повеќе паркови во многу градови, меѓу кои и во Париз се затворени за јавноста. Триесет и два од вкупно 92 француски департмани се наоѓаат во метеоролошка претпазливост поради најавеното невреме.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм