Две лица загинаа, а еден е тешко повреден по експлозија на автомобил-бомба денеска во Бахреин.
Трите лица биле во автомобилот, кога експлодирале две последователни експлозии во Мукша, северно од престолнината Манама.
Полицијата соопшти дека експлозивот бил во автомобилот.
Според локални жители, едното лице било на потерница од полицијата.
Радикалното шиитско опозициско движење „Ал Уафа“ ги објави имињата на двајцата загинати и ги нарече маченици.