Две лица загинаа при судир на 150 автомобили во Холандија

Од:

Две лица загинаа денеска кога поради густа магла дошло до судир на 150 автомобили на автопат во јужниот дел на Холандија, соопшти холандската спасувачка служба.

Несреќата се случила во утринските часови на автопатот кој ги поврзува градовите Гоес и Миделбург, на околу 150 километри југозападно од Амстердам.

– Се судрија автомобили од двата правца на автопатот, истакна портаролот на безбедносната служба, Ханс Хубрегтсе.

На местото на инцидентот пристигнале 50 амбулантни и други возила за помош.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи