Две лица приведени поради несреќата во московското метро

Од:

Руската полиција денеска привведе две лица осомничени за вчерашната нереќа во московското метро, во која загинаа 22 лица, јави ИТАР-ТАСС.

Портпатолот на Истражниот комитет на Русија, Владимир Маркин изјави дека се уапсени двајца железнички работници, постар мајстор и неговиот помошник, за кои се претпоставува дека ги пркршиле правилата за безбедност при сообраќајот.

Двајцата приведени се директно вклучени во процесот за монтирање на свртницата во делот на шините, каде се случи несреќата.

Механизмот на свртницата бил фиксиран со обична тримилиметарска жица, која според првичната верзија на истрагата се скинала, што било причина за трагедијата.

Маркин посочи дека истрагата продолжува, се вршат сложени технички и други експертизи, се проверува работата на сите одделенија задолжени за работата на метрото.

– Со сигурност може да се каже дека кругот на осомничените за ова кривични дело, ќе се прошири, со оглед на тоа што и двајцата приведени работници имаат свој надреден. Има и соодветни служби за контрола, кои се одговорни за безбедноста на транспортот, вели Маркин.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он