Две Катарки „олеснети“ за најмалку пет милиони евра во Париз

Од:

– Две државјанки од Катар, кои пристигнале на парискиот аеродром „Бурже“ северно од Париз, биле ограбени заедно со нивниот возач на автопатот на влезот во главниот град на Франција, при што крадците одзеле плен од „најмалку пет милиони евра“, соопшти извор од француската полицијата.

Две маскирани лица го принудиле „Бентлито“, со кое се превезувале двете Катарки, да излезе од автопатот и да се паркира. Откако ги испрскале со солзавец двете жени, на возраст од 60 години, и нивнот возач, маскраните напаѓачи украле „се што се наоѓало во автомобилот: накит, облека и багаж, во вредност од најмалку пет милиони евра, наведува истиот извор.

Делот од автопатот кој ги поврзува париските аеродроми „Роаси-Шарл де Гол“ и „Бурже“, често е место на кражби, чија цел се луксузни авотмобили или странци за кои се претпоставува дека превезуваат големи суми пари во готовина.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано