Две илјади француски војници веќе се распоредени во Мали

Од:

Две илјади француски војници, од вкупно предвидените 2.500, кои сигурно ќе бидат и повеќе, изутринава се распоредени во Мали, потврди францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан, јави дописникот на МИА од Париз.

– Денеска има 2.000 француски војници на теренот во Мали и во операцијата „Севал“ во моментов се вклучени околу 2.900 војници, истакна францускиот министер, според кој во оваа бројка се опфатени и француските војници ангажирани во соседните земји.

Официјален Париз предвидува во Мали да испрати околу 2.500 војници, но според францускиот министер за одбрана оваа бројка најверојатно ќе биде надмината и во операцијата ќе учествуваат околу 4.000 војници.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска