Две години затвор за поранешниот судански претседател Омар ал-Башир заради корупција

Од:

Поранешниот претседател на Судан, Омар ал-Башир, денеска е осуден на двегодишна затворска казна заради корупција и перење пари.

Поради неговата возраст тој казната нема да ја мине во затвор, туку во поправен дом, одлучи денеска судот во Картум.

Ова е прва пресуда во серијата правни постапки против него, кои ги бара Меѓународниот кривичен суд заради обвинувањата за воени злосторства и геноцид во Дарфур.

Пресудата му беше изречена една година по почетокот на масовните протести против тридецениското владеење на Ал-Башир со Судан, за чие време земјата се најде на американската листа на спонзори на тероризмот, а економијата пропадна заради неговото лошо управување и американските санкции.

Ал-Башир (75) се наоѓа во притвор од април годинава, кога војската го собори од власта.

Војската уште претходно соопшти дека нема да го предаде на Меѓународниот кривичен суд , а моменталната воено-цивилна влада за тоа се уште не се изјаснува.

Поранешниот претседател на Судан е обвинет и за убивање демонстранти во текот на повеќемесечните протести.

Би можело да ве интересира

Најмалку 20 лица загинаа во авионска несреќа во Судан

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on