Дванаесет лица загинаа во напади во ирачкиот град Мосул

Од:

Дванаесет лица загинаа вчера со северниот ирачки град Мосул во самоубиствен и вооружен напади, соопштија полицијата и медицински претставници.

Бомбаш-самоубиец се кренал во воздух заедно со автомобилот во кој се наоѓал на воен пункт, при што загинале осум лица, а ранети се 18, меѓу кои и двајца војници.

Уште четири лица се убиени во напад врз обезбедувањето на општинскиот совет во градот, додаде полицијата.

Насилството во Ирак се зајакна пред локалните избори во април. Премиерот Нури ал Малики, кој е муслимански шиит, е соочен со протести на незадоволните сунити, а забалежано е и заострување на споровотите меѓу централната власт и Курдите во автономниот север.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија