Двајцата грабнати турски пилоти прикажани на видео материјал емитуван на либанска телевизија

Од:

Двајцата турски пилоти од авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“, кои на почетокот на август беа грабнати во Либан, се појавија на видеоматеријал што денеска беше емитуван од една локална либанска телевизија и изгледаа дека се во добра здравствена состојба, соопштуваат француските медиуми.

Во видеоматеријалот, што според нив е снимен вчера, Мурат Акпанар и Мурат Агџа тврдат дека се ќувствуваат добро, но дека им недостасуваат семејствата.

Нивните грабнувачи побараа од Турција да го употреби своето влијание кај сириските бунтовници за да го издејствува ослободувањето на девет либански шиити, кои се грабанати уште во мај 2012 година во Сирија.

Пилотите беа грабнати на 9 август на пат од аеродромот во Бејрут. Двајцата мажи на кадрите од видеоматеријалаот изгледаат бледи и малку нервозни.

-Ние сме во предвечерието на Бајрам (муслиманскиот празник Курбан бајрам,што денеска се слави). Би сакал да сум дома. Добро сум, изјави Акпанар, кој е со прошарана брада.

-Јас сум жив и здрав. Ми недостасуваат моето семејство, моите деца и мојата земја, посочува Агџа, кој очигледно го чита текстот пред себе.

На 30 август двајцата пилоти во аудиоснимка изјавија дека се добро и дека очекуваат да бидат ослободени во најкус можен рок.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он