Двајца работници загинаа, а осуммина други се повредени при пожар на нафтена платформа во водите на Мексиканскиот Залив, соопшти сопственикот на платформата, мексиканската државна петрохемсика компанија „Петролеос Мехиканос“.
Опожарената нафтена платформа се наоѓа во близина на брегот на мексиканската сојузна држава Кампече.
Пожарот избувнал во делот со опрема за компресија и набрзо бил изгаснат, поради што не било спроведена евакуација на вработените,
Причините за пожарот засега не се соопштени.