Украинските власти потврдија дека две лица загинаа, а шест се тешко повредени откако ракета погоди зграда во Киев чија слика денеска го обиколи светот.
Станбена зграда во близина на вториот аеродром во Киев рано утринава беше погодена од проектил или ракета, а сликите од местото на настанот покажуваат голем удар на горните катови на облакодерот, јавуваат светските медиуми.
Русите тврдат дека тие не ја погодиле зградата, туку дека била погодена со проектил за противвоздушна одбрана.
Надворешните ѕидови на неколку ката се целосно разнесени, а внатрешноста поцрнета.