Две лица загинаа во судир на камион и брзиот воз Пендолино кој сообраќал кон Прага, во источниот дел на Чешка, во близина на градот Студенка, соопшти чешкиот министер за надворешни работи Милан Хованец.
Како што јави дописникот на МИА од чешкиот главен град, според портпаролот на Брзата помош, Лукаш Хумпл во сообраќајната незгода се повредени дваесетина лица, од кои неколку се во критична состојба.
Сообраќајот на железничката линија е во прекин, а на местото на несреќата се упатија премиерот Бохуслав Соботка и министрите за внатрешни работи, за здравство и за сообраќај Милан Хованец, Сватоплук Њемечек и Дан Ќок.