Две лица загинаа, а 44 се водат како исчезнати откако силниот тајфун Утор го погоди денеска северниот дел на Филипините.
Утор, кој е најсилениот тајфун оваа година во светот, го погоди брегот на планинската источна провиција Аурора со брзина на ветрот меѓу 175 и 210 километри на час.
– Околу илјада жители на централниот регион Бикол ја минаа ноќта во засолништа, додека провинцијата Аурора остана без електрична енергија, соопшти националната филипинска Агенција за природни катастрофи.
Ветрот корнел покриви, додека покриениот кошаркарски терен во местото Диналунган е избришан од земјата.
Повеќе од осум илјади туристи не можат да си заминат од тоа подрачје, бидејќи е стопирано сообраќањето на траектите.
Повеќе училишта, вклучувајќи ги и тие во главниот град Манила се затворени, а неколку домашни летови се откажани.
Според прогнозите Утор денеска треба да мине преку главниот северен филипински осров Лусон, а утре треба да стигне во Јужното Кинеско Море во правец на Гуангдонг во Кина.