Двајца украински морнари исчезнале по нападот врз брод

Од:

Двајца морнари исчезнаа, а седуммина се повредени во вчерашниот артилериски напад врз украински патролен брод во Азовското Море, соопшти денеска украинската Крајбрежна стража.

– Бродот потонал. Успеавме да спасиме осум морнари, благодарение на други бродови, кои дојдоа на помош. Седуммина од нив се ранети или се здобија со изгореници. Двајца морнари исчезнаа. Спасувачката операција продолжува, изјави претставникот на Крајбрежната стража, Серхиј Астахов.

– По анализата на ситуацијата, веруваме дека нападот е извршен со артилериски систем, но се уште не знаеме од каде е отворен огнот, истакна Астахов.

Украинската погранична служба соопшти вчера дека два нејзини патролни брода се нападнати во близина на градот Мариупољ, на брегот на Азовското Море. Мариупољ се наоѓа на околу 50 километри од руската граница и на 35 километри од Новоазовск, кој го презедоа проруските сили.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци