Најмалку две лица се убиени, а осум се ранети утринава во обновените судири меѓу украинските сили за безбедност и проруските сепаратисти во источна Украина, соопшти ДПА.
Најтешките престрелки биле регистрирани во реонот на Славјанск.
Жртви се двајца цивили, кои загинаа во ноќешниот напад на украинските сили врз градот. Во истиот индицент се ранети други четворица цивили, соопшти порпаролот на сепаратистите.
Тројца војници биле ранети во престрелка крај руско-украинската граница, недалеку од граничниот премин Даково. Армискиот портпарол изјави дека премиенот бил нападнат од околу 80 неидентификувани вуоружени лица. Украинските сили го одбиле нападот со помош на авион ловец „Су-27“.
Во меѓувреме, лидерот на руската Чеченска република Рамзан Кадиров повторно ги демантираше информациите дека чеченски војници од редовните армиски единици се борат на страната на сепаратистите во Украина.