Двајца Сиријци подготвувале напад во Германија

Од:

Германската полиција денеска изврши претрес во домот на двајца браќа по потекло од Сирија, на возраст од 21 и 30 години, кои се осомничени за врски со милитантната група Исламска Држава (ИД).

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според јавното обвинителство во Франкфурт, двајцата осомничени подготвувале напад врз засега непознати цели.

При претресот полицијата конфискувала гасен пиштол, хард дискови, мобилни телефони и 14 илјади евра. но засега не е издаден налог за апсење на браќата, кои според обвинителството извршиле „сериозан акт на насилна субверзија“.

Постариот од двајцата браќа во Германија влегол во февруари 2015 година со фалсификуван пасош од страна на ИД, поради што бил осуден минатата година. Тој преку социјалните медиуми ја промовирал Исламската држава, им се заканувал на германските власти и го оправдувал ланскиот терористички напад во Париз.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија