Две лица се повредени денеска при силна експлозија во фабрика за муниција во Чешка, соопштија чешките власти, дополнувајќи дека по инцидентот во објектот избувнл пожар.
Според портпаролката на локалната противпожарна единица, Вендула Хоракова, утрово експлодирале 320 метрички тони барут, по што избувнал пожар, кој пожарникарите го изгаснале за неколку часа.
Инцидентот се случил во 7:30 часот во фабриката „Полишка Строжирни“, што се наоѓа на околу 150 километри источно од Прага.
Според Хоракова, остатоци од зградата во која се случила експлозијата биле пронајдени во радиус од околу 200 метри од фабриката.
Повредените работници, кои се здобиле со сериозни изгореници, се пренесени во болница.
Причините за експлозијата засега не се познати.