Двајца полицајци убија осуммина свои колеги во Авганистан

Од:

Најмалку осум членови на авганистанските сили за безбедност се убиени од страна на двајца свои колеги во јужната провинција Забул, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на изјава на портпаролот на гувернерот на покраината.

По нападот против своите, извршен доцна синоќа, двајцата избегале, земајќи го со себе и сето оружје и муниција, како и возилото од локалната полициска станица во регион Шинхај.

Во моментов во тек е истрага со која треба да се разјаснат причините за инцидентот и да се утврди дали двајцата напаѓачи се поврзани со талибанците или со други бунтовнички групи.

Според член на локалниот провинциски совет, цитиран од ДПА, двајцата веќе се наоѓаат кај талибанците и се чини дека и претходно имале врска со нив.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан