Двајца луѓе што ја примиле вакцината на Фајзер починале за време на тестирањето

Од:

Две лица што ја примиле вакцината на американската компанија Фајзер и нејзиниот партнер, германски Бионтек, починале за време на тестирањата на вакцината, се наведува во документ објавен на веб-страницата на американската Администрација за храна и лекови (ФДА).

Во тестирањата на вакцината учествуваа вкупно 41.000 луѓе на 150 локации ширум светот.

Според информациите од двете компании, вкупно шест лица вклучени во тестирањето починале, но четворица од нив биле во контролната група и не ја примиле вакцината, туку плацебо.

– Има шест смртни случаи во текот на извештајниот период (двајца починати во вакцинираната група и четворица во плацебо групата), се вели во документот.

Потврдено е дека во групата која примила вакцина, еден учесник со атеросклероза и вишок на килограми починал три дена по првата доза на лекот, а друг учесник доживеал срцев удар 60 дена по втората доза и починал три дена подоцна.

Во плацебо групата, две лица починале од мозочен и срцев удар, а причината за смртта на уште двајца учесници не е утврдена. Половина од смртните случаи во сите групи биле над 55-годишна возраст.

Администрацијата за храна и лекови (ФДА) закажа состанок за 10 декември за одобрување на вакцината произведена од Фајзер и БиоНТек. Компаниите аплицираа за одобрување на 20 ноември.

Претходно беше соопштено дека американските власти очекуваат да започнат со вакцинација на своите граѓани против коронавирус на 11 или 12 декември.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он