Двајца јапонски министри го посетија спорниот храм „Јасукуни“, Јужна Кореја упати протест

Од:

Двајца јапонски министри и десетици пратеници денеска го посетија контроверзниот храм „Јасукуни“ во Токио, додека премиерот Шинѕо Абе испрати ритуален дар во светилиштето, кое повеќе азиски земји го сметаат за симбол на јапонскиот империјализам.

Посетата беше реализирана по повод 69-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна.

Министерот за внатрешни работи и комуникации Јошитака Шиндо и претседателот на комисијата на јавна безбедност Кеиџи Фуруја се помолија во храмот, оддавајќи им почит на Јапонци, кои загинале во борби во средината на 19. век, како и на 14 воени злосторници од Втората светска војна.

Фуруја изјави пред новинарите дека го посетил храмот за да им оддаде почит на сите, кои го дале својот живот за татковината и за да се помоли за мир.

Премиерот Абе, како што се очекуваше, се воздржа лично да го посети храмот, за да не ги усложнува односите со соседните земји.

Неколку десетици пратеници исто така го посетија храмот, а во Токио се одржа национална церемонија во спомен на загинатите, на која присуствуваа шест илјади лица.

Императорот Акихито се помоли за мир и за душите на 3,1 милиони Јапонци, кои загинале во текот на Втората светска војна.

Јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе изјави дека некои јапонски политичари дејствуваат на начин, кој им штети истовремено и на Јужнокорејците и Јапонците и уште повеќе ги разделува народите на двете земји.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија