Двајца ерменски војници загинаа во судир со азербејџанските сили

Од:

Двајца ерменски војници се убиени во судир со силите на соседен Азербејџан.

Според западни медиуми, властите во Ереван го обвинија политичкото и воено раководство на Азербејџан дека се одговорни за ескалација на насилствата во реонот на Нагорно Карабах.

Азербејџанското Министерство за одбрана ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека ерменските војници први отвориле оган во обид да преминат граница, и оти се убиени 12, а ранети 20 лица, додека во нивните редови нема жртви.

Спорадични судири има во регионот на Нагорно Карабах, каде спорат двете држави, а од избивањето на судирите по распадот на СССР, во борбите досега загинаа околу 30.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“