Двајца лидери на џихадистичката група ИД се убиени во напад на американските сили во источна Сирија, соопшти денеска американската воена команда за Блискиот Исток.
Таа команда наведе дека нејзините сили „успешно извршиле хеликоптерски напад во источна Сирија“ рано утринава и убиле „двајца лидери на Исламската држава“.
Еден од нив е идентификуван како Анас, водач на група во Сирија која „учествувала во планирањето крвави операции“ на истокот на земјата. Командата не објави ништо за другиот лидер.
„Првата проценка укажува дека нема цивилни жртви“, се додава во соопштението.
Извор: МИА