Кениската полиција денеска соопшти дека убила две лица и ранила тројца опозициски демонстранти кои нападнале полициска станица со земјоделски алатки и фрлале камења за време на протестите во неколку градови, барајќи реформи пред прегласувањето на претседателските избори.
Владата на Кенија вчера ги забрани протестите во трите најголеми градови Најроби, Момбаса и Кисуму, наведувајќи дека се „закана за нарушување на мирот”.
Активистите за човекови права упатија критики поради забраната за собирање во централните делови на најголемите градови, наведувајќи дека полицијата убила најмалку 37 демонстранти откако беа објавени резултатите од претседателските избори на 8 август.
Врховниот суд на Кенија ги поништи изборите што ги доби претседателот Ухуру Кенијата. Новите избори се закажани за 26 октомври.