Двајца демонстранти во Багдад загинаа во судири со полицијата

Од:

Утрово во Багдад загинаа двајца демонстранти откако биле погодени со канистери со солзавец во судири со безбедносните сили, соопштија безбедносни извори.

Ова се првите жртви на насилството поврзано со протести откако новиот премиер Мустафа ал Кадеми, кој вети дијалог со демонстрантите, ја презеде функцијата во мај.

Смртните случаи се закана за разгорување на протестното движење низ целата земја, што избувна во октомври поради незадоволството кон властите, но замре во последните неколку месеци.

Демонстрантите вчера организираа насилни протести поради прекините на електрична енергија во главниот град и неколку јужни градови, каде што температурите од 50 степени Целзиусови ја попречија работата на генераторите за електрична енергија.

Во Багдад, десетици луѓе се собраа на протест на плоштадот Тахрир, и се судрија со полицијата и другите безбедносни сили стационирани на локацијата.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија