Двајца авганистански војници убија 13 свои колеги

Од:

Во текот на изминатата ноќ во северната авганистанска провинција Кундуз убиени се 13 авганистански војници и тоа додека биле на спиење, откако претходно двајца нивни колеги ги отруле, пренесе ДПА.

Припадник на безбедносните служби изјави дека двајцата напаѓачи, откако ги убиле своите колеги, побегнале од малата база во предградие на Кундуз.

Авганистанското Министерство за одбрана почнало истрага.

– Испративме екипа во регионот за да ги утврдии фактите, изјави генерал Даулат Вазир, портпарол на министерството.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, но изјавија дека базата била нападната од нивни борци, кои ги украле сите оружја од неа.

Советник на гувернерот на провинцијата за ДПА изјави дека двајцата војници биле поврзани со талибанците.

Министерството за одбрана, меѓутоа, уште не ја потврди нивната врска со бунтовничката група, дополнува ДПА.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан