Украинските сили за безбедност ликвидирале 20 проруски сепаратисти во украинскиот пристанишен град Мариупољ, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков.
Аваков ги нарече убиените проруски сепаратисти „терористи“. Тој појасни дека тие се убиени во обид да упаднат во зградата во Мариупољ, прерасна во вистинска битка.
Петмина милиционери се ранети, а четворица сепаратисти се приведени, додаде министерот.
Управата на милицијата во градот е во пламен, додаде Аваков.